Американскиот Стејт департмент нуди награда до 10 милиони долари за информации за наводното руско мешање во американските избори.

– Стејт департментот бара информации за агенцијата Интернет рисрч ејџенси (ИРА), Евгениј Викторович Пригожин и поврзани руски субјекти и соработници поради нивниот ангажман во мешањето во американските избори, соопшти Стејт департментот.

Соединетите Американски Држави веќе им воведоа санкции на поединци и субјекти поврзани со шефот и финансиерот на ИРА, „руската фарма на тролови“.

ИРА е компанија со седиште во Санкт Петербург, за која американските разузнавачки власти тврдат дека била клучна во наводните руски обиди да влијаат врз претседателските избори во 2016 година.