Maкедонското Министерството за надворешни работи (МНР) денеска ја објави официјалната потпишана верзија од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска на 17-ти јули во Софија го потпишаа Протоколот. Потписот на двајцата министри врз документот, кој воедно е записник од втора седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање пат кон почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.
Верзијата може да се види на следниот ЛИНК.