Реакцијата на опозицијата доаѓа по денешната изјава на Ковачевски во Тетово каде тој порача дека референдумот што го бара ВМРО-ДПМНЕ е само за нивна внатрешно-политичка употреба, како и дека тоа е нерелевантно прашање.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека премиерот Димитар Ковачевски не нуди рационално објаснување зошто бега од референдум и вели дека на ваков начин тој оди со главата во ѕид.
„И денеска Ковачевски оди со глава во ѕид против народот, без да понуди едно рационално објаснување зошто бега од референдум. Ако е сè како што кажува Ковачевски, тогаш нема причина да се плаши за своите политики. Но очигледно Ковачевски е свесен дека народот е против асимилацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување со него“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија обвинува дека со бегање од референдум, премиерот покажува дека не му е важен ставот на народот и го множи со нула.
„Тој треба да биде свесен дека со ваквиот однос кон народот тој самиот ќе биде нула и на референдумот и на следните избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Реакцијата на опозицијата доаѓа по денешната изјава на Ковачевски во Тетово каде тој порача дека барањето за референдумот е нерелевентно.