Власта лаже дека нема да се почувствува енергетската криза, зошто тогаш поскапе парното?!, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред само два дена РКЕ, како резултат на неспособноста на владата да обезбеди евтин енергенс ја зголеми цената на парното за 15%.

Заради неспособноста и криминогеноста на владата домаќинствата со двособен стан ќе плаќаат 70 евра годишно повеќе, а тие со трособен или поголем дом и до 120 евра повеќе за една година само за парно.

И ова е само почеток, зголемување се очекува и од наредната година.

Сето ова можеше да не биде вака, доколку владата обезбедеше поевтин енергенс како што тоа го сторија другите држави од Европа.

И не е само покачената цена на парното. Народот веќе плаќа 18% поскапа струја, а од есен граѓаните кои се греат на струја ќе имаат и до 138% поскапи сметки.

Владата не може да каже дека проблемот со енергенсите е светски проблем. Ако ЕЛЕМ произведуваше струја како пред 6 години сега на годишно ниво ќе се заштедеа и до 250 милиони евра. Тоа што се плаќа скап увоз е затоа што не се произведува доволно. Исто е и со гасот, Македонија плаќа поскап гас и од Србија, и од Унгарија и од Австрија и од Германија, и од голем број други европски држави.

Владата е виновна затоа што народот плаќа скапи енергенси во форма на услуги за парно и струја.