Кражбата на добиток, возила и гориво во селата е во пораст поради кризата на животниот стандард во  Велика Британија, се нагласува во извештајот за рурален криминал од осигурителната компанија NFU Mutual.

Износот на штети за исплати на осигурување поради рурален криминал во периодот од јануари до март е над 40 отсто поголем од 2021 година, соопштија од осигурителната компанија.

Тие предупредуваат дека зголемувањето на цените на прехранбените производи може да доведе до дополнително зголемување на кражбите на добиток и влегување на загаденото месо во синџирите на исхрана, јави Би-би-си.

NFU Mutual сака владата да формира национална работна група за справување со руралниот криминал.