ГРУБИ: Моите сограѓани Македонци ич да не се плашат, ништо лошо нема да им се случи и да ѝ веруваат на политичката елита што ја води земјава

/ 12.08.2022

Нема нови, барања, никакви нови документи и други нови очекувања освен постигнатото во добрососедскиот договор и договорот што министерот за надворешни работи Бујар Османи го потпиша неодамна во Софија. Ова го истакна првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, одговарајќи на новинарско прашање околу новите барања кои според опозицијата биле испорачани од Република Бугарија.

-Останува истото што ѝ беше објаснето на јавноста и она што беше усвоено од Собранието на Северна Македонија. Граѓаните мора да бидат убедени и да ѝ веруваат на политичката елита во земјава дека ништо лошо нема да им се случи на моите сограѓани Македонци по однос на нивниот јазик, историја, култура и идентитет. Тоа нема да го дозволиме. Апсолутно тврдам, нема нови барања, ниту некакви нови документи, нагласи Груби во одговорот на новинарското прашање во врска со меѓудржавните односи меѓу РС Македонија и Бугарија по завршувањето на пригодната свеченост за завршување на Школата за млади лидери што се одржа во Леуново.


Од истата категорија