Илјадници британски машиновозачи денеска излегоа на штрајк за да побараат подобри плати и подобри работни услови, блокирајќи ги транспортните услуги низ поголемиот дел од земјата. Протестот е дел од серијата штрајкови на британските работници кои бараат значително зголемување на платите за да се компензира наглото зголемување на цените на храната и горивата.
Еднодневниот штрајк на членовите на Здружението на возачи ги запре возовите на главните линии, вклучително и линиите што го поврзуваат Лондон со Шкотска и патничките врски низ главниот град. Работниците од викендот, фудбалските фанови кои се упатуваа на натпреварите и семејствата кои се обидуваа да побегнат во природа од жештините на големите градови беа принудени да ги променат своите планови.