Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е задоволен од стартната победа во новата сезона од Серија А.
Актуелниот италијански шампион вчеравечер на домашен терен го совлада Удинезе на гости со 4:2.
– Примивме брз гол. Треба подобро да ги започнеме натпреварите. Но, потоа половина час прикажувавме убав фудбал. Точно, во некои периоди на центарот на теренот игравме несериозно, треба да работиме на ова. Треба да останеме внимателни во играта користејќи ги нашите најдобри страни. Генерално мислам дека одигравме добро. Примивме два гола по нафрлувања затоа што бевме невнимателни. Следната недела имаме противник од високо ниво, па треба да засилиме, изјави Пиоли за веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио.
Во следното коло Милан ќе игра со Аталанта. Натпреварот ќе се одигра на 21 август.