Еден човек се застрелал пред американскиот Капитол во неделата рано наутро, откако удрил со својот автомобил во барикада.
Имено, по ударот неговото возило се запалило, а тој побегнал од автомобилот. Потоа отворил оган, пукајќи во воздух, а потоа и кон себе, пренесува Huffpost.
Наводно, полицајците му приоѓале на човекот кога тој се застрелал. Никој друг не е повреден, соопштија властите.
– Во овој момент не се чини дека човекот целел на членови на Конгресот, кои инаку биле на пауза, а најверојатно никој од полицајците не пукал, соопшти Капитолската полиција.
Властите соопштија дека го истражуваат мотивот зад чинот, а смртта ја истражува ДЦ Метрополитен полиција.