Уште четири бродови натоварени со житарици испловија од Украина, соопшти турското Министерство за одбрана.
Испораките на житарици од украински пристаништа продолжуваат според плановите, додаваат оттаму, пренесува Анадолија.
Министерството на Твитер појаснува дека утрово уште четири бродови тргнале од пристаништата Одеса и Черноморск, натоварени со сончогледова сачма, сончогледово масло и пченка.