КРАЈНО РЕВОЛТИРАНИ ОД НАТПИСИТЕ ВО ЈАВНИТЕ МЕДИУМИ ЗА ИЗБОРОТ И
ИМЕНУВАЊЕТО НА Златко Делов за нов Почесен конзул во Риека, Република Хрватска,
Ви се обраќаме со ова отворено протестно писмо.

Како е можно сето тоа да помине во тајност без претходна консултација со Заедницата на
Македонците во Република Хрватска (ЗМРХ) и Македонското културно друштво
„ИЛИНДЕН“ од Риека, како најстаро МКД, кои повеќе од 32 години работат и делуваат во
Република Хрватска, како етаблирана, респектабилна и високо почитувана заедница од
страна на Република Хрватска, што во овој случај не е и со Р. С. Македонија.

Досегашната пракса беше поинаква па сѐ се работеше со заемен договор. Сето тоа и за
сите заслуги на поединци добро го знаат досегашните амбасадори на Република
Македонија и македонското Министерство за надворешни работи. Ваквиот чин го
окарактеризираме како крајно навредлив и понижувачки не само за нас туку и за земјата
домаќин, Градот Риека, Прморско-горанската жупанија и сите поединци кои го вградиле
својот живот во развитокот на тие врски и односи.

Имено, во Риека постои плејада на личности кои имаат каде и каде поголеми заслуги во
унапредувањето на заемните хрватско-македонски врски и односи, а Вие именувате
потполн анонимус со никакви референтни вредности за оваа чесна должност. По некое
непишано правило за Почесен конзул се бира човек од мнозинскиот народ којшто со
своите вредности и ангажман битно придонел во развитокот на билатералните односи на
двете земји.

Лицето Златко Делов, кое е дојдено од Канада пред неколку години, со никакво познавање
на долгогодишните хрватско-македонски врски и односи кои се долги години макотрпно
градени од нас и заслужни поединци од мнозинскиот народ, кои се во овој случај
прескокнати, заборавени и намерно изоставени, постанува Почесен конзул / срамота.
Гледај чудо од референтни вредности кои ги изнесуваат медиумите – бил директор на

Домот за здравје во Битола, па најверојатно поради доброто раководење поставен по баби
и стриковци или по партиска линија, во што не сакаме да навлегуваме, поставен е за
директор на Домот за култура во Битола *споиво како вода и масло. И тоа е сѐ од неговите
референци.

Поради тоа и поради фактот дека лицето Златко Делов е екскомуницирано од Заедницата
на Македонците во Република Хрватска (ЗМРХ) и Македонското културно друштво
„ИЛИНДЕН“ од Риека, уште од поодамна, тој понатаму останува за нас „Persona non
grata“ *непожелна личност со која не сакаме никаков контакт ни соработка.

Заедница на Македонците во Република Хрватска