Шведската полиција уапси тинејџер осомничен дека вчера убил едно лице, а ранил друго во пукање во трговски центар во Малме.
Првично беше соопштено дека во пукањето се повредени две лица, но повредениот маж од здобиените повреди починал, додека жената по инцидентот во Емпора центарот е испратена во болница, соопшти полицијата.
„Нема непосредна опасност за граѓаните. Во овој момент се смета дека инцидентот е поврзан со криминалното милје“, се вели во полицискиот извештај.
Убиствата во судирите меѓу кланови и банди од неодамна се во пораст во Шведска и стануваат една од главните грижи на гласачите пред претстојните избори. Годинава во Шведска се убиени 44 лица, а речиси сите се поврзани со криминал, соопшти полицијата. Минатата година во Шведска имаше 46 убиства.