Професорката по математика, која му ја поправила конечната оценка на синот на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, во загрепска класична гимназија, по интервенција на првата дама Сања Мусиќ-Милановиќ, доби предупредување пред отказ од рабта, објавуваат хрватски медиуми.
Како што потврдија за Телеграм од два меѓусебно независни и упатени извори, оваа мерка на професорката ѝ ја изрекла директорката на средното класично училиште, Здравка Мартиниќ-Јерчиќ. Професорката претходно ја обвини директорката дека „под нејзин притисок ги поправила оценките“.
Писмената опомена во вид на опомена пред отказ доаѓа по наодите на воспитно-образовната инспекција во која на директорката ѝ било сугерирано да ѝ изрече писмена опомена на професорката по математика.
Како што дознава Телеграм, директорката ја прекорила наставничката по математика пред да биде отпуштена поради последователно менување на конечната оценка, а се наведуваат и други приговори за нејзината работа, како што е наводното предвремено ослободување на учениците од часовите и неизвестувањето на родителите за роковите за информирање. Наставничката по математика нема право да се жали на оваа изречена мерка.
Хрватските медиуми оваа афера ја нарекоа „Дај пет“.