Полска се согласи да купи речиси 400 тенкови и хаубици од Јужна Кореја, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, јави ДПА.
Договорот, за кој јужнокорејските медиуми велат дека вреди неколку милијарди долари, е потпишан во јули и предвидува испорака на 180 тенкови К2 до 2025 година, заедно со пакети за обука и логистика и муниција.
-Тенковите треба да бидат распоредени во воената база Моронг во северна Полска, а првите 10 тенкови се очекува да бидат испорачани оваа година, рече Блашчак.
Полска купува и 212 самоодни хаубици К9 од Јужна Кореја, од кои 24 треба да бидат испорачани оваа година. Хаубиците треба да го заменат оружјето што Полска и го донира на Украина.