Украинскиот претседател Владимир Зеленски го уценува Западот со гранатирање на нуклеарната централа Запорожје. Ова го изјави заменик-шефот на Комитетот за Заедницата на независни држави на Државната дума на Русија, Константин Затулин.
Како што рече, токму поради овие постапки Зеленски би можел да го предизвика гневот на Западот и дека тоа може да доведе до тоа, да се „откажат“ од него.
„Со овие постапки Зеленски не само што ја уценува Русија, туку и Западот. Тоа може да предизвика незадоволство кај западните газди“, рече Затулин.
Тој изјави и дека и покрај тоа што на Запад се создава „ангелска“ слика за Зеленски, тие би можеле да се одречат од него, како и секој друг, „и токму тоа се случува“.
Претходно, весникот „Билд“ објави напис за тоа дека главниот командант на вооружените сили на Украина Валери Залужни би можел да се пресели во претседателската палата, истакнувајќи дека генералот би можел да го наследи Зеленски по завршувањето на борбените дејствија во Украина, бидејќи може да им даде трошка надеж на своите сограѓани.
Во текстот, „Валери Моќниот“, како што авторот на написот го нарекува Залужни, докажал дека поседува „лидерски квалитети и воена генијалност“ и дека генералот во Украина се смета за патриот и искусен борбен офицер.