Граѓаните на Република Косово без никаква пречка со лична карта издадена од нивната независна држава ќе можат да ги поминат сите гранични премини со Србија, објави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

– Дијалогот меѓу Косово и Србија оди во вистинската насока за принципите на меѓусебно признавање и еднаквост со правично посредување на Европската Унија и Соединетите Америка. Независно Косово е неоспорна реалност и ги охрабрувам двете страни да продолжат во ист дух да го решаваат спорот меѓу нив како придонесувач за мирот и стабилноста, пишува Ахмети во објавата на својот профил на Фејсбук.