Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на Европрајд.
Тој на Твитер напиша дека „слободата на мирно собирање и изразување се суштински компоненти на здрава демократија“.
– Ја повикуваме Србија да остане посветена на одлуката да биде домаќин на EuroPride 2022. ЛГБТКИ+ правата се човекови права, напиша Блинкен.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека дефинитивно Европрајд или Парадата на гордоста е откажана.
– Може да се јави Бајден, Путин, Зеленски… но нема да има промена на нашата одлука. Државата мери безброј пати, а кога ќе пресече нејзината одлука мора да се почитува, рече вчера Вучиќ.
Европрајд требаше да се одржи од 12 до 18 септември во Белград, но Вучиќ изјави дека ќе биде одложен или откажан, а Владата на Србија најави дека во моментов нема услови за безбедно одржување на парадата.