Оваа година во Белград нема да има Европрајд, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој, како што пишува весникот Политика, пренесувајќи ја изјавата од Танјуг, дефинитивно поттврди дека годинава нема да има Парада на гордоста во Србија.

– Може да се јави Бајден, Путин, Зеленски… но нема да има промена на нашата одлука. Државата мери безброј пати, а кога ќе пресече нејзината одлука мора да се почитува, рече Вучиќ.

Деновиве во неколку наврати најави и Вучиќ, како и премиерката Ана Брнабиќ дека не е пожелно сега кога светот, како што рече Брнабиќ, е „на прагот од трета светска војна“, во Србија да се одржува Европрајд.