КОВАЧКИ: За директорот на ДБКИ е покренато обвинение за земање мито?

/ 01.09.2022

Драган КОВАЧКИ

Извори кои сакаат да останат анонимни, до нас доставија информација за директорот на ДБКИ (Дирекција за Безбедност на Класифицирани Информации), односно за г – динот Стојан Славески (кадар на ЛДП).
Имено, против директорот имало покренато обвинение за земање пари (мито) за испраќање на луѓе на дипломатска мисија во Брисел, како и за земање на пари (мито) за издавање на безбедносни сертификати.
Јавно го прашувам премиерот Ковачевски чијшто подреден е директорот на ДБКИ, дали знае дека против г-динот Стојан Славески е поведена постапка за утврдување на негова кривична одговорност и дали и на колку лица им е земено мито за испраќање во мисија и издавање на безбедносни сертификати?
Доколку знае, што преземал до сега и зошто досега не е разрешен Директорот на ДБКИ?
Ковачевски, има ли дел од системот што со алчноста на Вашите кадри и со Вашата неспособност не го разрушивте?

 


Од истата категорија