Кога зборува за корупција во Македонија, американскиот амбасадор изгледа како Американецот да ја открива Америка, коментира поранешниот министер и аналитичар Џевдет Хајредини.

Овој ироничен коментар на Хајредини на неговиот профил на Фејсбук се однесува на синоќешното интервју за ТВ Телма на американската амбасадорка во заминување, Кејт Брнз, како и на други изјави дадени деновиве во врска со борбата со криминалот и корупцијата во Македонија.