За Стојан Славески од ДБКИ, денешните обвинувања изречени од Драган Ковачки дека против него се води постапка за земање мито се невистинити, лажни и малициозни, изнесени единствено со цел нарушување на неговиот углед и чест.

„Ова е замајување на јавноста со лажни информации, најверојатно во обид за постигнување на некакви политички поени кај вашите гласачи и/или постигнување на некакви цели во вашите партиски кругови. За целиот период на вршење на функцијата – директор на ДБКИ, функцијата ја извршувам во согласност со закон, чесно и транспарентно, водејќи сметка за македонските државни интереси. Од овие причини, барам ВЕДНАШ да го избришете вашиот пост и јавно да ми се извините за изнесените клевети, во спротивно ќе бидам приморан да ги искористам сите правни средства за заштита на моите права и правни интереси пред надлежен суд“, напиша Славески.