Со голот на Мислав Оршиќ во 13. минута од првиот натпревар од Лигата на шампионите за новата сезона, тимот на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, Динамо Загреб, дојде до првата победа против големиот Челси.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми одиграа значајна улога во победата на Динамо Загреб. Ристовски го одигра целиот меч, Адеми излезе во самиот финиш од мечот.

Челси најблиску до гол беше во финишот кога Рис Џејмс ја погоди стативата од голот на Ливаковиќ.

На крајот сосема заслужена победа на Динамо Загреб, иако доколку Челзи освоеше бопд, тоа ќе беше праведен резултат.