Првичните резултати од вчерашните парламентарни избори укажуваат дека е можна нова влада по осумте години владеење на социјалдемократите.
Партиите Умерени, Шведски демократи, Демохристијаните и Либералите по пребројувањето на мнозинството гласови освоиле 175 места во Парламентот, кој има вкупно 349 места наспроти 174 места на левиот центар.
Конечните резултати ќе бидат објавени в среда поради тоа што допрва треба да се пребројат гласовите од странство и пристигнати по пошта, а разликата меѓу двата блока е многу мала.