СДС да не се плаши од народот. Собранието да дозволи да се собираат 150 илјади потписи за Референдум, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Власта да не се дрзнува преку Собранието и Талат Џафери да го оневозможи референдумското изјаснување.
Барањето со Иницијативата е поднесено согласно Законот за референдум до претседателот на Собранието, и нема правен основ тоа да не се одобри.
Доколку власта прибегне кон опструкции само ќе покажат дека се плашат од народот и се свесни дека тоа што го прават е во спротивност со волјата на народот.
Ја повикуваме власта да покаже минимум демократски капацитет, и не само да не го опструира референдумско изјаснување, туку да одиме и на предвремени парламентарни и претседателски избори, стои во партиското соопштение.