Косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими денеска ќе потпише договор со Европската унија за првата финансиска програма ИПА III во вредност од речиси 64 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
Службата за информирање на косовската Влада соопшти дека настанот ќе се случи претпладнево во 10 часот во зградата на Владата.
– Првиот вицепремиер за европски интеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими и амбасадорот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Томаш Шинјог ќе договор за првата годишна финансиска програма ИПА III во вредност од 63,96 милиони евра, се вели во соопштението.