Талат Џафери требаше од формален аспект да види дали е уредна иницијативата, а не дали е дозволена согласно закон или Устав. Туку дали е уредена, дали се собрани потписите и дали постапката е како што треба, па да ја префрли во комисиите на Собранието. Тие требаше да кажат ако сметаат дека е неуставна или незаконска пленумот да одлучи во Собранието во каква насока треба да се движи таа иницијатива, а не со закучок кој е непознат феномен во собраниското право, вели секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и член во Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски во вечерашното гостување во Централниот Дневник на Телевизија Сител во „Тема на денот“.
„Се работи за собраниски насилник кој во свој раце се обидува да го земе правото, Уставот, правдата. Во исто време изигрува и спикер во парламентот и Уставен судија и излегува многу далеку од неговите надлежности кои ги има како претседател на Собранието“, рече Андоновски.
Андоновски посочи дека Џафери сам донесува одлука дека оваа иницијатива е неуставна и за ова ќе има повеќе различни последици по Талат Џафери.
„Едната последица е што создава лош преседан, може да се случи друг Претседател на Собрание во иднина да носи некои вакви одлуки повикувајќи се токму на оваа одлука со која ќе се кршат правата токму на луѓето кои битребало Талат Џафери да ги заштитува“, кажа Андоновски.
Андоновски потенцираше дека се најави и од определена група граѓани и иницијатива пред Уставниот Суд и кривична одговорност за Талат Џафери затоа што ова е класична злоупотреба на неговата позиција која ја има.