НИКОЛОСКИ: Се води војна на криминалните кланови во СДСМ за превласт и заштита

/ 20.09.2022

За јавноста да има слика во каков распад се СДСМ и како меѓусебе се борат криминалните крила – Денес НЕ се одржа Комисија за надзор на тајната разузнавачка служба АНБ (бивша УБК), истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Согласно закон вториот човек во АНБ (Директор за внатрешна контрола) го предлага директорот, а го одобрува комисијата. Во комисијата СДСМ има мнозинство и пратениците на СДСМ ја бојкотираа комисијата.

Значи кадарот на СДСМ Виктор Димовски кој на нивни предлог прво стана директор на АНБ, па иден амбасадор во Париз предлага решение кое решение неговиот СДСМ му го бојкотира.

Позади сцена до сега, а сега веќе на отворена сцена ова е војна на криминалните кланови за превласт и заштита.

Но со падот на Владата СДСМ/ДУИ ќе одговараат и едните и другите. Мора да се стави крај на криминалот“ – анализира тој.


Од истата категорија