Оставка од премиерот Димитар Ковачевски побара пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Во прилог е интегрален текст и видео од неговата прес конференција.
Македонија ја води трајно неспособен премиер или премиер кој лажел и приложил документ за да ја избегне законската обврска за служење на воен рок.
Трајна неспособност е состојба која може само да се влошува, а не да се подобрува.
Ако состојбата на дезертерот Ковачевски можела да се поправи, тогаш дијагнозата ќе била времено неспособен, а не како што е заведен трајно.
Со трајна неспособност човекот не може да ги извршува своите работни задачи во текот на денот непречено, и тој мора да подлежи на паузи, кои може да бидат и подолги.
Македонската јавност останува без одговор на прашањата за тоа кога лажеше премиерот.
Тогаш кога изјави дека не бил во војска затоа тоа што бил на студии, или тогаш кога го приложуваше документот дека е трајно неспособен.
Ова е крајно неодговорно однесување на првиот човек на Владата кој беше наместен на позицијата за да ги ужива бенефитите што му ги овозможија тие што загинаа додека тој бегал и лажно се претставувал за трајно неспособен.
Премиерот дезертер, е должен веднаш да поднесе оставка и во најмала рака и’ должи извинување на македонската јавност заради тоа што станал премиер правејќи се трајно неспособен тогаш кога државата го барала и кога и’ бил најпотребен.
Бидејќи од СДС се оперирани од срам и морал и Ковачевски нема да поднесе оставка, а имајќи во предвид дека од Министерството за одбрана веќе ја потврдија автентичноста на објавениот документ на социјалните мрежи на кој јасно се гледа дека премиерот Ковачевски е Трајно неспособен, односно е во состојба која не може да биде надмината, ги повикуваме надлежните институции веднаш да поведат постапка за утврдување на деловната способност на премиерот на Македонија и со истата веднаш да биде запознаена јавноста.
На трајно неспособни или лица кои лажеле за да избегнат служење на сопствената држава, не може да им бидат доверени највисоките државни функции и истите мора да одговараат и кривично доколку со лажење избегнале законска обрврска.