Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена, во Њујорк присуствуваше на прием организиран од првата дама на Турција Емине Ердоган, сопруга на претседателот Таип Ердоган, во рамките на промоција на иницијативата Нула отпад, соопштија од Кабинетот на премиерот.
Сопругата на премиерот, која го придружува на Генералното собрание на Обединетите нации, за првпат протоколарно се појавува во јавноста. Елена Ковачевска во оваа пригода носеше фустан-креација на македонската дизајнерка Тања Кокев.
Фотографии од приемот се споделени и на инстаграм-профилот на Емине Ердоган, која повеќе години ја застапува иницијативата. Нула отпад цели да ја подигне свеста за потребата од целосно елиминирање на отпадот и заштита на животната средина со цел да се остави чист свет за идните генерации.
На приемот беа и сопругите на лидерите на Латвија, Јужна Кореја, Естонија, Литванија и Франција.