Чешка нема да издава хуманитарни визи за Русите кои бегаат од делумната мобилизација што вчера ја најави рускиот претседател Владимир Путин.
„Разбирам дека Русите бегаат од сè поочајните одлуки донесени од Путин. Но, оние кои бегаат од својата земја затоа што не сакаат да ја исполнат обврската што им е наметната од сопствената земја, не ги исполнуваат критериумите за добивање хуманитарна виза“, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.
Со таквиот став Чешка зазема поинаква позиција споредбено со другите земји-членки на ЕУ, особено со Германија.
Чешка престана да издава визи за Русите по руската инвазија на Украина, но потоа почна да прави исклучоци од хуманитарни причини.