Веста дека Селена Гомез, која поради компликации по трансплантацијата на бубрегот, доживеала нервен слом и е сместена во психијатриска болница, го потресе нејзиното поранешно момче Џастин Бибер.
Кога Џастин Бибер дознал дека неговата поранешна девојка е во лоша состојба, тој “се скршил” и побарал помош од свештеникот. Во црква го одвела неговата сопруга, Хејли Болдвин, а по разговорт со свештеникот, бил фотографиран како плаче во автомобилот додека Хејли го теши.
„На Џастин секогаш ќе му биде грижа за Селена. Секако дека му е тешко да слушне дека таа не е добро“, рекол извор близок до Џастин.