Водителот на Би-Би-Си Сajмон Мекој уште еднаш покажа дека можеби не е најдобрата личност за читање на вести за возбудливи или помалку возбудливи настани во кралското семејство.

Водителот, кој веќе еднаш се воздржуваше од смеење кога стануваше збор за бременоста на Кејт Мидлтон, сега за малку што не прсна од смеење додека ја читаше веста за пораѓањето на нејзината сестра Пипа.

-За помалку од 24 часа од последната вест за бебе, стигна нова. Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт, на свет донесе бебе, рече Мекој, смешкајќи се.

„Тука пишува”, се засмеја водителот. „На свет донела бебе”, повтори тој, по што тој и неговата колешка прснаа од смеа.

„Алилуја”, извика неговата колешка, и Mекој продолжи.Пипа Мидлтон, сестрата Кејт Мидлтон и снаата на Вилијам,се породи. Честитки за Пипа и Џејмс за раѓањето на детето, повеќе за тоа подоцна”, рече Мекој.

Истиот водител го насмеа светот во октомври кога зборуваше за третата бременост Кејт Мидлтон. „Само што пристигнаа од Кенсингтонска палата, војводата и војвотката од Кембриџ потврдија дека треба да добијат бебе во април”, рече Мeкој и продолжи: „Имајќи предвид дека во септември тие потврдија дека таа е бремена, а тогаш се нагаѓаше дали е бремена два или три месеци, не знам колку е ова вест. Во основа, во април, Кејт ќе се породи, ослободете го распоредот, бидејќи јас ќе го сторам тоа “, се пошегува тој.