Рускиот претседател Владимир Путин денеска му одобрил руско државјанство на „свиркачот“ Едвард Сноуден, соопшти „Спутник“.

Поранешниот консултант на американската разузнувачка служба од 2013 година живее во Русија како азилант, а потоа и со дозвола за престој. На самиот почеток помина повеќе од еден месец во транзитната зона на московскиот меѓународен аеродром Шереметјево.
Декретот на Путин е објавен денеска. Претходно, САД му го прогласи американскиот пасош на Сноуден за неважечки.