Селекторот на фудбалската репрезентација на Малта, Италијанецот Девис Манџа е суспендиран од федерацијата откако еден негов фудбалер го пријавил з „сексуално малтретирање“, јавуваат локалните медиуми.
Како што пренесе порталот Топ спорт, Федерцијата јавно потврди дека Манџа е суспендиран до „целосното утврдување на фактите“, но не ги објасни детално причините за вакват одлука, иако медиумите во Малта објавија дека еден фудбалер го пријавил тренерот за сексуално малтретирање.
Според нивните извори ова било и причината поради која Манџа добил отказ како тренер на романскиот клуб Универзитатеа Крајова во 2019 година, кога Манџа се ожени со својата девојка Делија. Суспензијата е потврдена неколку часа пред пријателскиот меч со Израел, каде што неговиот помошник Давиде Мацота ќе го води тимот.
Манџа е поранешен селектор на У-21 репрезентацијата на Италија, а селектор на Малта е од 2019 година.