Европскиот парламент (ЕП) ќе побара од Европската унија (ЕУ) да ги прекине пристапните преговори со Србија додека Србија не воведе санкции кон Русија, јави Б92.
Медиумите се повикуват на нацрт-извештајот за новата стратегија на ЕУ во процесот на проширување, до која Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше пристап.
Членовите на ЕП ќе расправаат за овој документ на седницата на комисијата за надворешна политика на 13 октомври, а конечната верзија на нацртот ќе биде во форма на резолуција на Европскиот парламент.
Гласањето за резолуцијата се очекува во ноември, јавува РСЕ. Резолуциите на ЕП не се правно обврзувачки за земјите-членки или за другите европски институции.
Европските социјалдемократи, втората по големина групација во ЕП, веќе најавија дека сметаат дека ЕУ не може да ги продолжи пристапните преговори со Србија без воведување санкции кон Русија и најавија дека тоа ќе биде вклучено во претстојниот извештај за проширувањето.