Хрватскиот репрезентативец и еден од најискусните во тимот на Јувентус Марио Манџукиќ одбил да го продолжи договорот со клубот. 32-годишниот играч како што објавува Газета дело Спорт ги прекинал разговорите за продолжување на договорот.
Неговиот актуелен договор му истекува во 2020 година. Новата рунда на преговори за продолжување на договорот може да се очекуваат следната сезона. Од Јувентус сакале играчот договорот да го продолжи до 2021 година, а сегашните 3,5 милиони евра годишна плата би му биле зголемени на 5 милиони евра.
Манџукиќ во 2015 година го напушти Атлетико Мадрид и потпиша договор со Јувентус. Тој ова лето одби неколку понуди од Премиер лигата и од клубови од Кина.