Во акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава денеска во периодот 00:00 до 04:00 часот секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, привела четири лица од кои тројца малолетни.

При контролата, како што информираат од МВР, констатирано е едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај П. Р. (25) од Неготино бил пронајден кокаин.

Затекнати се 11 малолетни лица, а констатирани се и две кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица. Притоа затекнат е странски државјани без соодветна документација за регулиран престој.

Приведено лице од Неготино барано со потерница

Полициски службеници од ОВР Струга денеска во 02:30 часот го лишиле од слобода С. Д. (30) од Неготино, за кого била издадена наредба – потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Од МВР информираат дека во координација со Јавен обвинител, С. Д. е приведен во полициска станица и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за издржување на казната.

Приведено лице во Скопје за издржување затворска казна

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 09.45 часот на ул.„Палмиро Тољати“ го лишиле од слобода М.Ф.(42) од Скопје.

За него, како што соопшти МВР, била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје.

М.Ф. бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по чл.383 од Кривичниот законик. Тој ќе биде спроведен до надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од МВР.

Приведен крадец баран со централна потерница

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 10.30 часот на ул.„Скупи“  го лишиле од слобода Б.Џ.(35) од Скопје.

-Тој се барал по распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година, за сторено кривично дело „кражба“ по чл.235 од КЗ на РСМ, соопшти МВР.

Б.Џ. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Казнети 173 пијани возачи изминатата вечер

Во текот на изминатата вечер (09/10.10.2022) во периодот од 22 часот до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 173 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, како што посочуваат од МВР, 42 на територија на СВР  Скопје, 27 на територија на СВР Велес…

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.