Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека разговарал со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и ја потврдил поддршката на САД за Украина по „страшните напади“ од Русија.
– Ќе продолжиме да обезбедуваме непоколеблива економска, хуманитарна и безбедносна помош за Украина да може да се брани и да се грижи за својот народ, напиша Блинкен во објавата на Твитер.