Или ќе извадите бугарски пасоши или иселете се од селото, сменете лична карта, се заканувале „македонски Бугари“ од ресенското село Евла.
Како што ексклузивно објави Инфомакс, по клубот Ванчо Михајлов во Битола, Цар Борис Трети во Охрид, најавениот Цар Фердинанд во Богданци, неофицијално порталот дознава дека се подготвувало отворање и на четврти бугарски клуб во Ресен.
Во разговор со жител на селото Евла, Ресенско, порталот дознава дека бугарски делегации редовно го посетувале селото Евла и се среќавале со лице од селото, повратник од Канада, кој имал угостителски објект во Евла, кој бил често посетуван од Бугари.