Вооружените сили на Руската Федерација и нивните сојузници во Украина постигнаа тактички напредок изминатите три денови кон центарот на Бахмут, стратешки важниот град во источната област Доњецк, а веројатно имаат напредок и во селата јужно од него, информираше денеска Министерството за одбрана на Велика Британија.

Приватната паравоена формација „Вагнер“ веројатно останува во голема мера вклучена во борбите во Бахмут, наведуваат од британското Министерство.

Според Министерството, Русија продолжува со офанзивни операции во централните делови на Донбас и напредува многу бавно.

Украинскиот град Бахмут се наоѓа меѓу Словијанск и Краматорск и како што покажаа податоците од пописот од 2012 година, во него живеат речиси 78.000 граѓани.