Секој напад на гасоводот Турски тек ќе се смета за терористички чин, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавува Анадолија.

Орбан истакнува и дека Будимпешта ќе реагира во согласност со тоа, доколку дојде до било каков напад на гасоводот преку кој се пренесува хас од Русија во Турција и понатаму кон други европски земји, меѓу кои и Унгарија.

На церемонија на која војници доброволци положуваа заклетва, Орбан истакна дека на Унгарците им е потребна компетентна војска која може да гарантира мир.