Македонската платформа против сиромаштијата организира годишна конференција за лица со искуство во сиромаштија, оваа година со наслов „Сиромавиот два пати плаќа“, со фокус на енергетска сиромаштија, растот на цената на струјата, растот на трошоците за живот и трендот на континуирана криза.
Конференцијата ќе се одржи на Интернационалниот ден за искоренување на сиромаштијата – 17 октомври. На неа ќе бидат презентирани заклучоци и препораки од работни групи кои одржаа состаноци пред организирањето на конференцијата.