Руската армија денеска информираше дека ги погодила сите нејзини цели во Украина, неколку часа откако смртоносни напади врз Киев и други региони доведоа и до прекин на струја во многу места низ целата држава.

– Руските вооружени сили продолжија со напади со висока прецизност со оружје со долг дострел во воените командни и контролни објекти и енергетските системи на Украина, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Тие доаваат дека сите таргетирани цели биле погодени.

Украинското претседателство соопшти дека бројот на загинати во нападите во главниот град се искачи на три, откако повеќе од дваесет дронови го нападнаа Киев.

– Бројот на загинати како резултат на напад со камиказе беспилотно летало врз станбена зграда се зголеми на три. Деветнаесет лица се спасени. Во тек се акции за спасување, објави на социјалните мрежи заменик-шефот на Претседателството, Кирило Тимошенко.