Руски воен авион се урна денеска во област на градот Јејск, на брегот на Азовското Море во близина на Украина, соопшти Министерството за одбрана, пренесе Бета повикувајќи се на руски агенции.
Авионот Су-34 се урнал за време на тренинг лет по полетување од воениот аеродром на Јужниот воен округ, соопшти Министерството.
Авионот паднал во дворот на станбена зграда во населба, а горивото во леталото се запалило на местото на падот.
Според извештајот на исфрлените пилоти, авионот паднал бидејќи еден од моторите се запалил при полетувањето.
Информации за жртви и материјална штета не се соопштени.