Украинската државна агенција за нуклеарна енергија ја обвини денеска Русија дека привела двајца вработени од нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, во јужна Украина.

Во соопштение на социјалните мрежи, Енергоатом нагласи дека руските сили синоќа го „киднапирале“ шефот на информатичката технологија Олег Костјуков и помошникот генерален директор на фабриката Олег Ошека.

Според Енергоатом, двете лица се „однесени на непозната локација“.