Поголеми се шансите дека жени чиј показалец и среден прст имаат различни должини да се лезбејки, покажува студија. Научниците ја мереле должината на прстите на 18 пара идентични близнаци со различни сексуални ориентации.

Во просек, лезбејките, за разлика од хетеросексуалните близнаци, имале различни должини на средните прсти и показалецот, но само на левата рака.

Научниците од Универзитетот во Есекс заклучиле дека тој феномен може да биде резултат на зголемена изложеност на тестостерон во стомакот на мајката.

Истражувањето опфати 14 пара машки идентични близнаци, каде што еден брат беше геј, другиот хетеросексуалец, но исти резултати не се добиени.

Во стомакот на мајката, двата пола се изложени на т.н. машки хормон, тестостерон, но научниците веруваат дека некои се повеќе изложени од другите. Истражувањата покажаа дека сексуалноста се формира уште во стомакот на мајката.