Британската актерка Кајра Најтли изјави дека и забранила на нејзината тригодишна ќерка да гледа филмови на Дизни кои ги прикажуваат жените на начин со кој таа не се согласувала. Еди Најтли не може да ги гледа Пепелашка или Малата сирена.

Најтли во шоуто на Елин Дегенерис рече дека Пепелашка од 1950 година „чека богат човек да ја спаси, Немој! Спаси се сама!” За Малата сирена рече: -Мислам, песните се прекрасни, но не давај глас заради маж.

Актерката додаде: -И тоа е она што ме прави нервозна, бидејќи навистина ми се допаѓа филмот. Ја сакам Малата сирена”.Најтли сепак додаде дека не се сите филмови на Дизни забранети во нејзиниот дом.