Сопругата на поранешниот директор на Интерпол Менг Хонгвеј, кој се води за исчезнат повеќе од три недели, изјави дека не е сигурна дали е тој жив откако го уапсија кинеските власти.
Во интервју за Би-Би-Си, Грејс Менг изјави дека со сопругот не е во контакт од неговото исчезнување и имала заканувачки телефонски повици.
Таа претходно рече дека нејзиниот сопруг по пат на социјалните мрежи и испратил порака во која наведува „чекај на мој повик“ на 25 септември, дента кога отпатувал за Кина од Лион.
Неколку минути подоцна и испратил порака во која вели дека верува оти е во опасност.
-Мислам дека тоа е политички прогон. Не сум сигурна дека е жив, изјави таа во интервјуто за Би-Би-Си емитувано синоќа.
Грејс додаде дека смета оти „нема граници“ во тоа што Кина може да го направи.