Изборот на Риши Сунак за премиер на Велика Британија привлече големо внимание особено во Индија, но не само поради неговото потекло, туку пред се поради тоа што неговата сопруга Акшата Мурти е ќерка на индискиот милијардер Нарајана Мурти, ака. Бил Гејтс од Индија.

Милијардерката наследничка Акшата Мурти се најде во центарот на вниманието на почетокот на оваа година, кога беше откриено дека има статус на недомцилиран, што значи дека не мора да плаќа данок на својата заработка надвор од Велика Британија. Но, таа подоцна се согласи да го плаќа данокот.

Според извештаите, Акшата Мурти има 0,91% удел во Infosys, основана од нејзиниот татко Нарајана Мурти, која вреди околу 700 милиони фунти – повеќе отколку што вреди имотот на кралот Чарлс, на пример.

И покрај огромното богатство на нејзиното семејство, сопругата на новиот британски премиер имаше многу поскромни почетоци. По неколку месеци од нејзиното раѓање во април 1980-та, таа била испратена да живее со баба и дедо ѝ, додека нејзините родители се преселиле во Мумбаи за да се посветат на своите кариери.

„Два месеци по вашето раѓање во Хабли, ве доведовме во Мумбаи, но набрзо откривме дека е тешка задача да се негува дете и да се изгради кариера во исто време. Така, решивме првите години од животот да ги поминете со баба и дедо во Хабли“, ќе напише нејзиниот татко Нарајана Мурти во писмото до ќерката Акшати, објавено во изданието Писма до децата на еминентните родители.

Нарајана Мурти, како млад компјутерски програмер ја основа компанијата за ИТ услуги Infosys и станува милијардер, но вели дека напуштањето на Акшата е една од најтешките одлуки што морал да ги донесе.

„Секој викенд земав лет до Белгаум, а потоа изнајмив автомобил до Хабли. Беше многу скапо, но не можев да не те видам“.

Нејзината мајка, Суда Мурти, компјутерски научник и инженер, беше првата жена инженер што работеше за тогаш најголемиот индиски производител на автомобили, дел од конгломератот Тата, а сега е филантроп кој работи на подобрување на јавното здравство.

Кога Акшата им се придружи на нејзините родители, а подоцна и на нејзиниот брат Рохан, во Мумбаи, животот не бил толку релаксиран како што бил со нејзините баба и дедо во Хабли. Мајка и одлучува да нема телевизор во нивниот дом за да се има време за учење, читање, дискусии и средби со пријателите. Иако семејството станувало се побогато, родителите на Акшата избегнувале да ангажираат приватен автомобил и возач за да ја однесат на училиште, наместо тоа претпочитаче да ја испратат во „обична авто-рикша“ каде што стекнала „голем број пријатели“.

Потоа се запишала на приватниот колеџ Клермонт МекКан во Калифорнија, каде студирала економија и француски јазик, пред да се префрли на Модниот институт за дизајн и трговија во Лос Анџелес. Работела за „Дилоит“ и „Унилевер“ пред да се запише на студии на Универзитетот Стенфорд.

На Стенфорд го запознала Риши Сунак, кој ја добил престижната стипендија Фулбрајт. По четири години врска, тие се венчаа на дводневна церемонија во Бенгалуру, на која присуствуваа членовите на кралското семејство, вклучително и некои од најпознатите членови на индискиот џет-сет.

Брачната двојка Сунак го поседува лондонскиот инвестициски фонд „Catamaran Ventures UK“, кој инвестира во стартапи „насочени кон идниот раст на капиталот и распределбата на приходите“. Непосредно пред да влезе во парламентот, Сунак ги префрли своите акции на Акшат и таа сега е единствен сопственик.

Сопругата на британскиот премиер има директен удел и во уште најмалку шест британски компании, меѓу кои и машката модна куќа „Њу и Лингвуд“. Потоа има акции во британската компанија која ги води пицериите на Џејми Оливер, агенцијата за дадилки „Кору кидс“ и „Дигме фитнес“, каде што е директор. Сороко, софтверска компанија кооснована од нејзиниот брат, вели дека таа е директорка на филијалата во ОК.

Мурти и Сунак поседуваат најмалку четири куќи во В.Британија и Калифорнија, вклучително и дом со пет спални во Кенсингтон во вредност од речиси 7 милиони фунти и замок од 1,5 милиони фунти сместен на 12 хектари во изборната единица на Сунак во Северен Јоркшир, како и стан на Олд Бромптон Улица во западен Лондон.

Тие, исто така, поседуваат пентхаус од 5,5 милиони фунти на плажата Санта Моника, за кој агентите за недвижности опишуваат дека има „прекрасен поглед на планините Санта Моника“ и каде што „се будите од звукот на брановите што се судираат со карпите“.