На објавените податоци од страна на иранските хакери за премиерот Еди Рама, посебно за неговото патување со чартер, реагираше лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша. Тој го нарече тоа супер злоупотреба.
Бериша вели дека секое патување со чартер чини во просек или најмалку по 150 илјади евра, што поздрабира дека за девет години, како премиер, потрошил 19 милиони евра.
– Необлокменот Еди Рама, како премиер, од 2013 година, има 127 патувања со чартер или такси авион. Секое патување со чартер чини во просек или најмалку 150 илјади евра, додека подалечните дестинации, заедно со паркинг, околу 250 илјади евра. Но, пресметано со цена од 150 илјади евра за лет, Еди Рама има потрошено 19.050.000 евра за авионско такси, па така премиерот на најсиромашната земја во Европа троши десетици и десетици пати повеќе од премиерот на Австрија, десетици пати побогата земја од Албанија.Ова е многу тежок јавен криминал, тоа е владин бандитизам од гигантски размери, обвини Бериша.
Во реакцијата на Рама, по објавувањето на податоците и обвинувањата на Бериша, нагласува дека авионот што го користи не е комерцијален чартер, туку авион чии трошоци се „во рамки на постојаниот буџет на владата“, а однесувањето на иранската Влада и албанската опозиција го нарече гадост.
– Авионот што го користам за службени патувања не е комерцијален чартер, туку авион за кој претходно ме обвинуваа истите измамници и ги дадовме целосните факти, зошто станува збор за трошење во рамките на владиниот буџет! Немам намера повторно да го образложувам истото обвинување на нонграта, за кое секој што сака може да се повика на претходните појаснувања, додека иранската Влада и албанските опозиционери го пеат едногласно! Каква гадост, напиша Рама на Твитер.